Расизам во Италија

Од:

Расиситички испад на домашните навивачи го прекина пријателскиот фудбалски наптревар во Италија помеѓу екипите на Про Патрија и Милан кои одиграа само 25 минути.

Домашните навивачи на третолигашот Про Патрија на расна основа ги навредуваа темнокожите играчи на Милан, кои заради тоа бесно го напуштија теренот на вчерашниот дуел.

Триото на Милан, Кевин Боатенг, Мбаје Нианг и Сали Мунтари биле многу вознемирени и навредени, а Боатенг непосредно пред прекинот, во бес го соблекол дресот, ја шутнал топката преку трибините и отишол во соблекувалната.

И останатите играчи го поддржале Боатенг и си заминале во соблекувалната.

– Бевме лути од самиот почеток кога почнаа навредите. Напуштањето на теренот беше јасен одговор на ситуацијата. Ние не можевме да продолжиме во ваква атмосфера, изјави капитенот на Милан, Масимо Амброзини.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска