Со голот постигнат во последната минута од второто продолжение, Андреа Ранокиа му обезбеди на својот клуб Интер влез меѓу четирите најдобри во фудбалскиот Куп на Италија.
Во четвртфиналето одиграно синоќа на „Џузепе Меаца“ во Милано, Интер со 3:2 ја победи Болоња по дополнителни 30 минути игра, откако во предвидените 90 минути резултатот беше нерешен 2:2.
Фреди Гуарин (34.минута) и Рикардо Паласио (77) погодија за водство на домаќините од 2:0, а Болоња изедначи со головите на Алесандро Диаманти (81) и Маноло Габиадини (84).
Интер во полуфиналето ќе игра со подобриот тим од средбата која ќе се одигра вечерва од 21 часот во Фиренца, каде Фиорентина е домаќин на Рома.
Во другото полуфинале ќе играат Лацио и Јувентус.