Рамос има понуди од ПСЖ, Јунајтед и Сити

Од:

Дефанзивецот Серхио Рамос, кој го напушти Реал Мадрид, разгледува опции за продолжување на кариерата. Триесет и петгодишниот Шпанец во моментов има понуди од Пари Сен-Жермен, Манчестер јунајтед и Манчестер сити, објави „АС“.

Меѓу клубовите од Манчестер, Рамос го фаворизира Јунајтед поради историјата на клубот. Како и да е, дефанзивецот би сакал да се пресели во ПСЖ, а не во некој од премиерлигашите.

Прво, понудата на парижаните финансиски ја надминува понудата на Манчестер јунајтед, а исто така вклучува договор на 2 години. Второ, Рамос смета дека Париз е вистинското место за него и неговото семејство.

Би можело да ве интересира

Серхио Рамос по 18 години се враќа во Севиља

Рамос пред деби во дресот на ПСЖ

А1он

Учеството на Рамос на натпреварот против Манчестер сити останува под знак прашалник

А1он

„Марка“: Рамос побарал од Анчелоти да му помогне да остане во Реал

Ана Ололовска

Рамос нема да може да дебитира за ПСЖ на мечот против Севилја поради повреда

Ана Ололовска

ПСЖ го промовираше Серхио Рамос