Ракометниот дуел од Лигата на шампионите Вардар – Барселона е од висок ризик

Од:

Дерби дуелот од 5.коло од ракометната Лига на шампионите утре ќе се одигра во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ меѓу Вардар и Барселона. Натпреварот е од висок ризик поради големиот број гледачи што се очкуваат во салата, а клубот на својата интернет страница објави соопштение.

РК Вардар во соработка со полицијата реши за саботниот натпревар да го затвори паркингот до салата за користење.

Поради тоа им се препорачува на сите гледачи навреме да дојдат во салата, а доколку патуваат со автомобил да бидат свесни дека е можно да има застој во сообраќајот поради очекуваниот голем број на гледачи во салата.

Истовремено ги потсетуваме сите гледачи дека во салата е забрането внесување на тврди предмети и контролата на влезовите ќе биде вообичаена за ваков тип на натпревари.

Натпреварот Вардар – Барселона се игра утре (сабота) со почеток во 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски