Ракометарките на ЖРК Вардар не патуваат за Унгарија

Од:

Ракометарките на ЖРК Вардар нема да ги реализиираат планираните подготовки во Унгарија, туку тимот ќе остане во Скопје и за продолжението на сезоната ќе се подготува во својата сала СЦ „Јане Сандански“.

Наместо дуели со унгарските екипи ЖРК Вардар ќе спарингува со дански Копенхаген. Екипата од Данска во Скопје ќе биде од 17-ти до 22 јануари.

– Договорените натпревари беа откажани од страна на нашите ривали и решивме да не патуваме за Унгарија. Условите во Скопје ни даваат можност за солидни подготовки. Екипата на Копенхаген ќе ни помогне за подобра подготовка, изјави тренерот Индира Кастратовиќ за клупскиот сајт.

Со првиот тим на ЖРК Вардар ќе работат и младите Итана Грбиќ и Наташа Нолевска, но и сезонава ќе играат за втората екипа. Ања Алтхаус и Татјана Хмирова се приклучија на тренинзите, но под посебна контрола.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП