Ракометарите пред судија во Монпеље

Од:

Ракометарите на Монпеље, меѓу кои и Никола Карабатиќ и Младен Бојиновиќ, се пуштени од притворот во Париз и треба да се појават пред судија.

Вкупно 16 лица, од кои девет поранешни и сегашни играчи на Монпеље, во неделата беа уапсени под сомнение за вмешаност во местење на натпревари.

„Постои голем сомнеж во непочитувањето на спортската етика“, изјави обвинителот Брајс Робин и додаде дека некои ракометари се блиско поврзани со обложувалниците и поради тоа е одлучено да бидат приведени.

Тој исто така додаде дека девојката на Лука Карабатиќ, призна дека се обложувала во име на играчите, кога е уапсена.

Според пишувањето на француските медиуми, во случај да бидат прогласени за виновни, ракометарите би можеле да бидат казнети со по шест натпревари суспензија и 15 илјади евра казна, а во случај да се докаже дека ги местеле натпреварите би можеле да одат во затвор и до пет години и да платат 75 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ