Ракометарите на Шпанија, Германија и Шведска се пласираа на ЕП

Од:

Со комплетирањето на 4. коло во квалификациите за Европското ракометно првенство што следната година ќе се одржи во Хрватска, познати се три селекции кои веќе обезбедија пласман на шампионатот.

Тоа се репрезентациите на Шпанија, Германија и Шведска, кои се единствените кои по четирите кола имаат максимални четири победи.

Во последните две рунди најнеизвесно ќе биде во групата 4 во која е и репрезентацијата на Македонија, а во која сите четири селекции имаат идентични четири бодови.

Пласман по групи по комплетирањето на 4.коло:

Табела група 1: Данска 7 бодови, Унгарија 5, Холандија 4, Летонија 0.
Табела група 2: Србија 6, Белорусија 5, Романија 4, Полска 1.
Табела група 3: Шпанија 8, БиХ 4, Австрија 2, Финска 2.
Табела група 4: Чешка 4 (+10), Македонија 4 (+3), Исланд 4 (-5), Украина 4 (-8).
Табела група 5: Германија 8, Португалија 5, Словенија 3, Швајцарија 0.
Табела група 6: Шведска 8, Црна Гора 4, Словачка 2, Русија 2.
Табела група 7: Франција 6, Литванија 6, Норвешка 4, Белгија 0.

Потсетување дека, пласман на ЕП ќе изборат двете првопласирани селкции од групите и најдобрата третопласирана.

Следните натпревари ќе се играат во периодот од 14 до 17 јуни.

Би можело да ве интересира

Шведска преку Шпанија до европскиот ракометен трон

Данците ја прегазија Холандија за сигурно полуфинале

А1он

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ана Ололовска

Хрватска го доби балканското дерби со Србија

Катерина Ѓуровски

Македонските ракометари изгубија од Словенија

А1он

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија

Ана Ололовска