Екипата на Рајо Ваљекано, во чиј редови стандарден на голот беше македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, го продолжи максималниот ефект сезонава на домашен терен и со триумф попладнево над Елче од 2-1 се искачи на четвртото место во шпанското првенство и место кое води во Лигата на шампиони.
Рајо Ваљекано до четвртата домашна победа, а вкупно петта сезонава, дојде со пресврт со головите на Марио Хернандез (26 минута) и Ренди Нтека (65), откако гостите први дојдоа во водство со голот на Лукас Боје (14).
Во следното 10 коло, Рајо Ваљекано му гостува на Бетис.