Рајн Некар му „лежи“ на Вардар

Од:

Ракометарите на Вардар со доминантна игра вечерва забележаа значајна победа со 30:27 на гостувањето кај Рајн Некар Левен во 11.коло од Лигата на шампионите. Ова беше седма победа, втора оваа сезона за македонскиот тим во десетте меѓусебни средби со РНЛ.

Со освоените два бода избраниците на тренерот Роберто Гарсија Парондо направија голем исчекор кон освојување на второто место во А-групата со што ќе добие условно полесен противник во осминафиналето.

Вечерва во Мајнхајм „црвено-црните“ одлично го отворија натпреварот ја имаа контролата на резултатот Домаќините на почетокот по секој гол на Вардар успеваа да изедначат до 3:3, а потоа македонскиот шампион поведе и веќе не му дозволи на ривалот да се доближи. Највисоката предност во првиот дел беше седум голови разлика (16:9), но германскиот претставник со серија од 3:0 успеа на полувреме да отиде со „пристојна “ негатива (12:16).

Вардарци продолжија со извонредна игра и во вториот дел, а највисоката предност од седум разлика ја вратија во 50.минута кога на семафорот стоеше резултатот 27:20. До крајот со рутинирана игра натпреварот беше приведен до крај со посакуваниот исход.

Најефикасни во победничкиот состав беа Тимур Дибиров со седум, и Игор Карачиќ и Стојанче Стоилов со по шест голови. На голот Дејан Милосављев стигна до 10 одбрани.

Во домашниот состав швајцарскиот интернационалец Шмид имаше девет реализации.

Следниот меч Вардар ќе го игра на 16 февруари во Скопје против Веспрем.

Во пресрет на другите натпревари од 11.коло, на табелата во А-групата води Барселона со 18 бода, Вардар има 15, РНЛ 12, Киелце 12, Веспрем 12, Кристијанштад 5, Мешков Брест 5 и Монпеље 3.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски