Раиконен задоволен од победата во Мелбурн

Од:

Возачот на Лотус, Кими Раиконен изјави дека благодарение на добриот старт, но и тимската стратегија успеа да победи во првата трка на Формула 1, за големата награда во Австралија, во Мелбурн.

-Добро стартував и потоа се одеше како што треба. Направивме добар план и се државме до него. Екипата одработи сјајно и се излезе совршено – изјави Рајконен по победата во Мелбурн.

Лотус се одлучи на две одења во боксот, што излезе како добра тактика, бидејќи неговите противници мораа три пати да одат во бокс.

-Можев да ги сочувам гумите и да возам побргу кога и да сакав. Ова беше најлесната трка во која победив. Се надевам дека уште некој пат ќе се повтори – изјави шампионот на Формула 1 од 2007 година.

Возачот на Ферари, Фернандо Алонсо истакна дека е задоволен со освоенето второ место на „Албер парк“.

-Премногу сум среќен. Минатата година имавме тежок почеток, а ова година сме оптимисти. Повторно ќе бидеме сериозен противник. Не можевме да се бориме денес со Кими, беше премногу брз за нас – изјави Алонсо.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин