Полската тенисерка Агнешка Радванска и Американката Серена Вилијамс се пласираа во полуфиналето на Австралија Опен. Ова е епилогот по одигрувањето на првите четвртфинални дуели ноќеска на женскиот дел од турнирот во Мелбурн.
Радванска беше подобра од Карла Суарез Наваро од Шпанија со 2-0, по сетови 6:1 и 6:3.
Вилијамс исто така во два сета ја совлада Марија Шарапова од Русија со 6:4 и 6:1.
Во полуфиналето двете победнички ќе играат меѓу себе.
Другите два четвртфинални меча се играат вечер по полноќ:
Анжелика Кербер (Германија) – Викторија Азаренка (Белорусија) и
Јохана Конта (Велика Британија) – Шуаи Жанг (Кина).