Ниту шампионот МЗТ Скопје Аеродром не успеа да го сопре забревтаниот Работнички кој ја забележа 19 победа од почетокот на сезоната во кошаркарската Прва лига.
Победата над лутиот ривал е извојувана во празната сала „Градски парк“ по инцидентите на дербито кое почна вчера, а беше прекинато по недоличното однесување на двете навивачки групи.
Натпреварот вечерва продолжи при резултат 62:50, а заврши со 100:84 за најтрофејниот македонски кошаркарски клуб.
По вечерашниот триумф Работнички направи голем исчекор кон пол-позицијата во разигрувањето за титулата.