Работнички вечерва во Градски парк убедливо го совлада Гостивар со 74:49 во меч од 18. коло од Првата лига.
Домаќините до победата стигнаа рутински, па по првите десет минути водеа со разлика 20:7.
Работнички низ целиот натпревар го контролираше резултатот и ја зголемуваше предноста, која во третиот дел од натпреварот стигна до највисоки плус 29 поени.
Бугарскиот интернационалец Чавдар Костов со 20 поени беше најефикасен кај Работнички, а Диме Тасовски со 17 поени во составот на Гостивар.