Екипата на Работнички со победа над Куманово од 87:81 закажа полуфинале против фаворитот Карпош Соколи во „Лимак Купот на Македонија“. Тимот на Докузовски предводен од искусните Мираковски, Чековски, Мишановиќ и Тасовски и без повредениот Влатко Илиевски успеа да извојува голема победа против ривалот Куманово во четвртфиналното дерби.
Од првите минута на средбата Работнички предводен од капитенот Мираковски ја имаше контролата на играта и резултатот. Покрај искусниот квартет кој одигра уште еден одличен натпревар, се истакнаа и помладите Николиќ и Ефремовски.
Работнички до 33.минута имаше сигурна и убедлива предност не поголема од 13 кошеви, но Куманово со тројките на Јаневски, Караџовски и Браун го однесе мечот во неизвесен финиш. Но, искусниот состав на „центарци“ знаеше како да го сочува водството и на крајот да забележи триумф вреден полуфинале.
Во редовите на победникот прв стрелец е Мишановиќ со 23 поен, Мираковски постигна 17, Чековски 15. Кај Куманово Караџовски запиша 19 запиша, а Мијатовиќ дуелот го заврши со 15 поени.
Утре во 18 часот за првиот финалист на Купот ќе решаваат Работнички и Карпош Соколи