Работнички на домашниот терен убедливо го совлада Куманово со 101:72 во првиот меѓусебен дуел од полуфиналната серија од плејофот и поведе со 1:0.
Гостите го почнаа натпреварот во „Градски парк“ со одлична игра и Куманово во првите пет минути поведе со 20:10, водството кое го задржа до крајот на првата четвртина (25:29).
Работнички во почетокот на вториот период ја консолидира одбраната и постави поагресивна игра. Тоа се одрази на резултатот и веќе во 15 минута домаќините водеа со 43:31, а на паузата се замина со предност на Работнички од 52:43.
И во второто полувреме продолжи доминацијата на Работнички, додека кај кошаркарите на Куманово се почувствува дека се исфрлени од ритам.
Убедливата игра на домашните кошаркари на крајот им донесе висока победа од 101:72.
Вториот натпревар од полуфиналната серија се игра во сабота во Куманово.