Тимот на Работнички ја забележа деветата победа во деветото коло од македонската кошаркарска лига славејќи со 95:75 против АВ Охрид на домашен терен.
На домашен терен славеше и Гостивар против Карпош Соколу за 111:83, а висока победа славеа и кошаркарите на Куманово на гости кај Шкупи со 95:65.
Изненадувањето на колото го направи Пелистер со победата над Фени Индустри со 76:62.
Последниот натпревар од колото се игра во вторник, каде што Кожув го пречекува шампионот МЗТ Скопје Аеродром.
Табела: Работнички 18 бодови, Блокотехна 17, Гостивар 15, Куманово 14, Карпош Соколи 14, Фени Индустри 14, МЗТ Скопје А. 13, АВ Охрид 13, Шкупи 11, Пелистер 11, Струмица 10, Кожув 9.