Поминаа нешто повеќе од 13 месеци од последниот пат кога македонската кошаркарска јавност имаше можност да ги види двата најголеми ривали во меѓусебен дуел. Вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром доаѓа во момент на одлична форма на двете екипи, без пораз и на делба на врвот на табелата во Суперлигата.
Натпреварот Работнички – МЗТ Скопје Аеродром ќе започне во 19 часот а ќе се игра во „Градски парк“ во Скопје.
Во другите две средби од 4.коло на Суперлигата ќе играат: Лирија – Куманово (Сарај, 18:30 часот) и Кожув – Фени Индустри (Гевгелија, 19 часот).
Табела: Работнички 6 бодови, МЗТ Скопје 6, Фени Индустри 5, Кожув 4, Лирија 3 и Куманово 3.