Екипата на Работнички го заврши својот настап на европската фудбалска сцена.
„Романтичарите“ се поразени од Динамо Минск со 3:0 во реванш дуелот од второто квалификациско коло во Лига Европа, откако првиот меч во Струмица заврши со 1:1, па со вкупен резултат 4:1 белорускиот тим се пласира во следната рунда.
Откако Душко Трајчевски во 18. минута пропушти голема шанса да го доведе Работнички во водство, казната дојде три минути подоцна (21) кога Олександер Нојок го совлада Шишковски за предност на Динамо од 1:0. Во вториот дел белорускaта екипа постигна уште два гола преку Нино Галовиќ во 70. минута и Антон Сарока во 84. минута за конечни 3:0
Во овие моменти во Хелсинки, својот реванш меч го игра Шкендија која во првиот дуел го совлада тимот на ХЈК со 3:1.
По првиот дел резултатот е 1:0 за домаќините и тоа благодарение на авто-голот на Марјан Радески во 28.минута.