Во македонската Прва лига за кошаркари вечерва се комплетира третото коло по кое само најтрофејниот клуб Работнички има максимален ефект. До третата победа тимот од „Градски парк“ додје во триумфот над Куманово во драматичен натпревар.
Прв пораз сезонава забележа актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром кој беше совладан во дербито во Гостивар.
Резултати:
Куманово – Работнички 70:72
Пелистер – Академија ФМП 92:77
Кожув – Еуро Никел 86:61
Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром 80:78
МЗТ Скопје Уни Банка – Вардар 75:95.
Табела: Работнички 6 бода, Кожув 5 бода, МЗТ Скопје Аеродром 5 бода, Гостивар 5 бода, Куманово 5 бода, Еуро Никел 5 бода, Вардар 4 бода, Пелистер 4 бода, Академија ФМП 3 бода, МЗТ СКопје Уни Банка 3 бода.