Тимот на Работнички е нов кошаркарски шампион на Македонија, откако вечерва во третиот натпревар славеше со 87:84 против МЗТ Скопје и со 3:0 ја освои титулата.
Ова е 15. титула за Работнчки, но прва по 9 години пауза.
Со тесната победа од 87:84 во неизвесен меч, тимот на Марин Докузовски стави крај на низата на „металците“, кои беа вистинска кошаркарска династија во Македонија со шест титули во серија. Во серија од три меча која вклучуваше забрана за гостински навивачи, обвинувања за судиски кражби, титулата се враќа кај најтрофејниот македонски клуб.