Кошаркарскиот клуб Работнички два натпревара ќе треба да одигра на домашен терен без присуство на публика откако на првиот полуфинален дуел со екипата на Карпош Соколи натпреварот беше прекинат и продолжен следниот ден. Комесарот за натпреварување Владо Цветковски казната ја изрече врз основа на делегатскиот извештај од службените лица, а причината е фрлањето тврди предмети.
Покрај оваа казна Работнички ќе треба да плати и вкупна казна од 56.000 денари: 40.000 денари поради фрлање на тврди предмети врз основа на истиот член за кој ќе играат и без публика, казна од 10.000 денари за плукање на службените лица од страна на навивачите, 2.000 денари за неспортско навивање и 4.000 денари за техничката грешка за тренерот Марин Докузовски.
Полуфиналната серија од плеј офот меѓу Работнички и Карпош Соколи продолжува утре со третиот натпревар и Работнички треба овој натпревар да го игра без присуство на публика.