Путин нема големи очекувања за руската репрезентација на Светското

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин нема големи очекувања за претставувањето на домашната репрезентација на СП 2018, а во исто време очекува Бразил, Аргентина, Шпанија и Германија да се борат за титулата.

Во интервју за кинеска медиумска група, Путин изјави дека главната цел на Русија е „да обезбеди подобра организација на Светското првенство и да го претвори во вистински празник за милиони фудбалски фанови низ целиот свет“. Русија е домаќин на Мундијалот првпат, а натпреварите ќе се играат во 11 градови на земјата од 14 јуни до 15 јули.

Путин рече дека ќе присуствува на натпреварот на отворањето меѓу Русија и Саудиска Арабија и во финалето, како и на повеќето натпревари, ако програмата му го овозможува тоа.

Тимот на Русија, кој одигра 1:1 со Турција во контролна средба во вторникот, нема победа во 2018 година и не е меѓу фаворитите на Мундијалот, а Путин ги сподели скромните очекувања.

– За жал, нашиот тим не се радува на добри резултати во последно време. Но, ние, сите навивачи и љубители на фудбалот во Русија, имаме големи надежи дека фудбалерите ќе се претстават добро … и ќе ќе се борат до крај, додаде рускиот претседател.

Во врска со фаворитите, Путин ги спомена Бразил и Аргентина.

– На претходните светски првенства германскиот тим се претстави блескаво, шпанскиот исто така игра убав фудбал. Сигурно ќе има и други претенденти за титулата, но само најдобрите ќе победат, прокоментира Путин.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он