Пулис седнува на клупата на ВБА

Од:

Премиерлигашот Вест Бромвич Албион (ВБА) го назначи Тони Пулис за наследник на отпуштениот Алан Ирвајн на тренерското место кое остана испразнето во понеделникот.

Педесет и шест годишниот Пулис кој се очекува да потпише двегодишен договор ќе биде четвртиот тренер на ВБА во последната година.

Минатата сезона Пулис го спаси Кристал Палас од испаѓање и беше прогласен за најдобар менаџер во Премиер лигата.

– Успехот на секој клуб зависи од сплотеноста на сите, почнувајќи од фудбалерите, раководството, вработените, па се до навивачите. Со посветеност, силна работа и максимално исполнување на задачите можеме да стигнеме до целта, а тоа е опстанок во лигата и остварување што подобар пласман, изјави новиот менаџер на ВБА.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска