Пуел го презема Лестер

Од:

Клод Пуел е назначен за нов менаџер на Лестер. Поранешниот англиски шампион со Пуел потпиша тригодишен договор.

Лестер кој ја освои Премиер лигата во 2016 година, не ги постигнува очекуваните резултати, па раководството на клубот, откако мината сезона го отпушти Клод Раниери кој им ја донесе титулата, пред една недела отказ му додели и на Крег Шекспир.

Со ангажирањето на некогашниот предводник на Саутемптон, управата на клубот очекува Лестер да се стабилизира и во континуитет да прикажува добри игри.

– Голема привилегија е да се биде тренер на Лестер, клуб со амбиции и вредности кои се совпаѓаат со моите. Очекувам да продолжиме да ги надградуваме скорешните успеси. Се радувам што ќе можам да соработувам со играчите, раководството, навивачите на Лестер, изјави Пуел.

Лестер со привремениот тренер Мајкл Аплтон го доби последниот дуел од Премиер лигата и се искачи на 14. место со 9 бода.

Пеул дебито на клупата на „лисиците“ ќе го има в недела против Евертон.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска