Шампионот и лидер во Француското фудбалско првенство, тимот на Пари Сен Жермен забележа убедлив триумф над Олимпик Лион со 5:1 во дуелот синоќа со кој беше комплетирано 18.коло.
Златан Ибрахимовиќ постигна два гола, а по еднаш за ПСЖ погодија Серхе Орие, Едисон Кавани и Лукас Моура, додека Џордан Фери беше стрелец на единствениот погодок за гостите.
На другите натпревари од оваа рунда:
Лил – Лориен 3:0,
Монпеље – Генгамп 2:1,
Нант – Тулуз 1:1,
Троа Бастија 1:1,
Ремс – Ница 1:1,
Рен – Каен 1:1,
Монако – Сент Етиен 1:0,
Анжи – Бордо 1:1,
Олимпик Марсеј – Ајачио 1:1.
Табела: ПСЖ 48 бодови, Анжи 31, Монако 31, Каен 30, Ница 26, Олимпик Лион 26, Сент Етиен 26,…