ПСЖ сигурен, Златан 21 од 21

Од:

На отварањето на 24 коло од француската лига, ПСЖ успеа да го скрши отпорот на Бастија дури во второто полувреме.

Тренерот Карло Анчелоти реши да го одмара својот напаѓачки тандем Ибрахимовиќ и Лавеци, но сепак во продолжение мораше да ги внесе во игра.

Првото полувреме на овој натпревар не беше многу интересно , мрежите мируваа.

Карло Анчелоти имал што да им каже на своите играчи на полувремето ,па тоа вроди со плод со голот на Менез во 56-та минута.

Во продолжение на натпреварот во игра влегува Ибрахимовиќ кој од пенал постигнува гол и ја зголемува предноста на својот тим на 2-0.

Меѓутоа неизвесноста ја враќа играчот кој штотуку влезе во игра , Казри и веќе во 83та минута го намалува водството на ПСЖ на 2-1.

Сепак за заверка на победата на “Светците” се погрижи Лавеци кој во 89та минута постигна гол за 3-1.

Новото засилување на парижаните Дејвид Бекам не доби шанса за деби на овој натпревар и за тоа ќе почека до следното коло.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска