Фудбалерите на Пари Сен Жермен на пет рунди до крајот на првенството го обезбедија шампионскиот трофеј во француската Лига 1.
По пауза од една година титулата повторно се враќа кај „светците“ кои синоќа со убедливи 7:1 го совладаа се уште актуелниот првак Монако.
За ПСЖ ова е седми шампионски наслов и петти во последните шест години.
Во Француското првенство останува неизвесна борбата за другите две места кои носат учество во ЛШ, а за нив конкурираат Монако, Лион и Марсеј.