Фудбалерите на ПСЖ се вратија на првата позиција на табелата во француската Лига 1 откако синоќа на домашен терен во заостанат натпревар од 32.коло го победија Мец со 3:1.
Шампионот ПСЖ на четири кола до крајот на шампионатот има три бодови повеќе од Олимпик Лион.
Головите за ПСЖ ги постигнаа: Марко Верати (25.минута), Единсон Кавани (42) и Грегори ван дер Вил (77), додека стрелец за Мец беше Модибо Маига (53).
Табела: ПСЖ 71 бод, Олимпик Лион 68, Монако 62, Сент Етиен 60, Олимпик Марсеј 57, Бордо 55, Монпеље 52,…