Париз Сен Жермен постигна победа на последниот натпревар од 34.коло на Лига 1, совладувајќи го Евиан со 1:0 и со тоа му се реваншираше за елиминацијата во четвртфиналето од Купот.
Стрелец на единствениот гол во 50. минута за гостински три бодови на парижаните беше Хавиер Пасторе. ПСЖ натпреварот го заврши со девет играчи, бидејќи Марко Верати во 81. минута и Дејвид Бекам во 90. минута добија црвени картони.
По завршувањето на натпреварот поради меѓусебно удирање црвени картони добија и Салваторе Сиригу од ПСЖ и Сабер Клифа од Евиан. Со овој триумф ПСЖ е многу блиску до освојување на титулата.
На другите натпревари од оваа рунда во Лига 1 беа постигнати следниве резултати: Ница – Троа 3:1, Олимпик Лион – Сент Етиен 1:1, Ајачио – Монпеље 2:1, Бастија – Тулуз 0:0, Бордо – Ремс 0:0, Брест – Рен 0:2, Валенсиен – Нанси 0:0, Лориен – Олимпик Марсеј 0:1 и Лил – Сошо 3:3.
Табела: ПСЖ 73 бодови, Олимпик Марсеј 64, Олимпик Лион 60, Сент Етиен 58, Лил 57, Ница 57,…