Шампионот Пари Сен Жермен не искористи можност да избие на првото место на табелата во Француското фудбалско првенство, откако синоќа на гостувањето кај Лил одигра нерешено 1:1 и освои само еден бод.
Едисон Кавани во 29.минута им донесе водство на „светците“, а домашната екипа изедначи по големата грешка и автоголот на голманот на ПСЖ Салваторе Сиригу во 42.минута.
На другите вчерашни натпревари постигнати се следниве резултати: Бастија – Евиан 1:2, Генгамп – Каен 5:1, Мец – Бордо 0:0, Монпеље – Сент Етиен 0:2 и Ница – Рен 1:2.
Претходно своите дуели ги одиграа: Лориен – Олимпик Марсеј 1:1, Нант – Тулуз 1:2 и Монако – Ленс 2:0.
Последниот натпревар од 16.коло во Лига 1 е закажан за вечерва во 21 часот кога се среќаваат Олимпик Лион и Ремс.
Табела: Олимпик Марсеј 35 бодови, ПСЖ 34, Сент Етиен 29, Рен 28, Бордо 28,…