Актуелниот шампион и лидер на табелата во Француското фудбалско првенство, Пари Сен Жермен ја продолжува победничката низа. „Светците“ синоќа пред својата публика го совладаа Лориен со 3:1 во натпревар од 24.коло, остварувајќи ја осмата победа во серија во Лига 1.
Стрелци на головите за ПСЖ беа: Едисон Кавани (6.минута), Златан Ибрахимовиќ (55) и Лавин Курзава (69). Единствениот погодок за гостите го постигна Рафаел Гереро (19).
На другите натпревари одиграни синоќа:
Гингамп – Tроа 4:0,
Нант – Ајачио 3:1,
Лил – Кан 1:0,
Ница – Тулуз 1:0,
Олимпик Лион – Бордо 3:0 и
Ремс – Анжи 2:1.
Во вторникот Монако ја победи Бастија со 2:0, а Олимпик Марсеј славеше на гостувањето кај Монпеље со 0:1.
Колото ќе биде комплетирано вечерва со средбата Рен – Сент Етиен.
Табела: ПСЖ 66 бодови, Монако 42, Ница 39, Анжи 37, Кан 36, Нант 35,…