ПСЖ подготвен да издвои 193 милиони евра за Нејмар

Од:

По најавата дека Златан Ибрахимовиќ летово ќе го напушти францускиот шампион Париз Сен Жермен се погласни се најавите за тоа кој ќе го замени шведскиот голгетер во редовите на „Светците’’. Последната информација која ја пласира весник „Л’Екип“, вели дека најблиско до трансфер во Париз е Бразилецот, Нејмар.

Според весникот, Вагнер Рибеиро менаџерот на Нејмар е отворен за преговори со катарскиот емир и сопственик на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи за трансфер на Бразилецот до Барселона во ПСЖ.

– Договорот на Нејмар со Барселона истекува во 2018. година. Сепак, во иднина примамлив е животот во Париз, а играње во клуб каков што е ПСЖ е сон за секој фудбалер. Ќе разговараме за можен трансфер доколку ПСЖ покаже интерес. Не мислам дека 193 милиони се проблем за парискиот клуб, изјавил Рибеиро за францускиот весник.

Француските медиуми пренесуваат дека сопственикот на францускиот шампион е спремен да ја плати откупната клаузула на бразилската суперѕвезда, која изнесува 193 милиони евра. Новата плата на Нејмар би изнесувала 5,5 милиони евра повеќе од сегашната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска