ПСЖ подготвен да го ослободи Нејмар за 150 милиони евра, но ја исклучува продажбата на Мбапе

Од:

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен-Жермен е подготвен да го ослободи Нејмар во претстојниот летен трансфер период, но има намера да го задржи напаѓачот Килијан Мбапе.

Парискиот клуб планира да заработи 150 милиони евра на продажба на 28-годишниот Бразилец, пренесе „ЕСПН“.

Спортскиот директор на ПСЖ разбира дека Нејмар сака да си замине, а парижаните не сакаат следниот летен трансфер прозорец да помине исто како и претходниот, кога вниманието на напаѓачот беше насочено кон пројавениот интерес за него од страна на Барселона.

Што се однесува до другата голема ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, клубот исклучува можност за негова продажба.

Би можело да ве интересира

ПСЖ не планира да троши пари за нови засилувања

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ

ПСЖ го исфрли Мбапе од тимот и порача: „Килијан е на продажба“

Предраг Петровиќ