Во дербито на 9. коло од Француското фудбалско првенство, синоќа на „Велодром“ во Марсеј, шампионот ПСЖ постигна победа против Олимпик со 2:1, иако 60 минути играше се играч помалку.
Во 30.минута Тиаго Мота (ПСЖ) доби црвен картон, а Олимпик Марсеј поведе со голот на Андре Ајев. Гостите до крајот на првиот дел сепак изедначија со голот на Максвел во 45.минута. Конечните 1:2 на дуелот ги постави Златан Ибрахимовиќ со реализација на пеналот во 66.минута.
Со овој триумф парижаните го задржаа чекорот со Монако со по 21 бод на чело на табелата.
Резултати од 9.коло во Лига 1: Олимпик Марсеј – ПСЖ 1:2, Бордо – Сошо 4:1, Монпеље – Олимпик Лион 5:1, Генгамп – Рен 2:0, Лил – Ајачио 3:0, Нант – Евиан 3:0, Тулуз – Ница 1:0, Валенсиен – Ремс 1:1, Монако – Сент Етиен 2:1 и Бастија – Лориен 4:1.
Табела: Монако 21 бод, ПСЖ 21, Лил 17, Олимпик Марсеј 17, Нант 16,…