Фудбалерите на актуелниот првак на Франција, ПСЖ тешко стигнаа до победата во 24.коло откако синоќа со гол во судиското надополнување на вториот дел го совладаа Лил со 2:1.
Единсон Кавани донесе водство за „парижаните“ во 70.минута, а изедначи Никола Де Превил во 86.минута. Победата ја обезбеди Лукас во 90+2.минута.
На другите два дуела одиграни синоќа победија гостинските екипи:
Монпеље – Монако 1:2 и
Каен – Бордо 0:4.
Вечерва се играат другите седум дуели:
Анже – Рен,
Бастија – Нант,
Лориен – Тулуз,
Олимпик Лион – Нанси,
Мец – Дижон,
Ница – Сент Етиен и
Олимпик Марсеј – Генгамп.
Табела: Монако 55 бодови, ПСЖ 52, Ница 49, Олимпик Лион 37, Сент Етиен 36, Бордо 36,…