Во главниот град на африканската држава Габон синоќа се одигра францускиот Суперкуп кој му припадна на Пари Сен-Жермен. Шампионот во драматична завршница го победи Бордо со 2:1.
Фудбалерите на Бордо беа подобар противник во првото полувреме кое го решија во своја полза со голот на Анри Севет во 38.минута. Пресвртот во вториот дел го најави Хервин Онгенда со изедначувачкиот гол во 83.минута. ПСЖ до трофејот стигна во петтата минута од судиското надополнување. Кога сите очекуваа продолженија, одбранбениот играч Алекс искористи една нафрлена топка во гостинскиот казнен простор и погоди за победа од 2:1 и голема радост на парижаните.
Во составот ниту на клупта на парискиот тим не беше засилувањето од летниот преоден рок Едисон Кавани. За ПСЖ ова е трет освоен Суперкуп по победите во 1995 и 1998 година.