ПСЖ: Не е вистинско време да зборуваме за заменик на Емери

Од:

Спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике, одговори на гласините за тренерот на тимот Унаи Емери. Договорот на Баскиецот е до јуни оваа година и сé уште нема потпишано нов.

– Секој ден се соочуваме со информации за нов тренер на ПСЖ. Во моментов тренер е Унаи Емери. Тој има договор со клубот и не е време да се зборува за негов заменик, изјави Енрике.

Тој смета дека „принцовите“ се наоѓаат во важна фаза од сезоната и останува многу работа за да се постигнат поставените цели.

– Ниту еден тренер во светот не може да каже дека водел преговори со нас. Сите фанови на ПСЖ треба да знаат дека само клубот може да објави официјални информации за ова прашање, додаде тој за „Екип“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска