Со натпреварот одигран на „Стад де Франс“ во Париз, синоќа беше отворено 10. коло од Лига 1. Пари Сен Жермен како гостин го победи Ленс со 3:1, а натпреварот го одбележаа и три црвени картони, два во редовите на Ленс (Гбамин и Ле Моињ) и еден кај ПСЖ (Кавани).
Денес се играат шест натпревари: Лориен – Сент Етиен, Лил – Генгамп, Метц – Рен, Монако – Евиан, Нант – Ремс, Ница – Бастиа.
Овој круг од Француското фудбалско првенство ќе биде заокружен утре со дуелите Олимпик Марсеј – Тулуз, Бордо – Каен и Олимпик Лион – Монпеље.
Табела: Олимпик Марсеј 22 бода, ПСЖ 18 (натпревар повеќе), Бордо 17, Лил 15, Нант 15,…