Екипата на Пари Сен Жермен обезбеди нов трофеј во својата витрина откако го овои францускиот Суперкуп со победа од 2:1 над Рен. Дуелот се одигра во кинескиот град Шенжен.
Парижаните победија по пресврт откако Адриен Хабу го отвори резултатот во првиот дел. Во второто полувреме, сепак, Анхел ди Марија и Килијан Мбапе донесоа победа. Ова е седми последователен Супер куп за парижаните и вкупно деветта, а и двете постигнувања се рекордни.
Нејмар ја пропушти средбата затоа што издржува казна. Исто така стана јасно дека Бразилецот сака да го напушти клубот. Ова стана јасно денес, кога тој не беше особено задоволен од успехот на својот тим, па дури и при победничкиот гол не покажа емоции.
Новиот шампионат во Франција ќе започне со дуел помеѓу Монако и Лион на 9ти август. Рен пак гостува на Монпелје еден ден подоцна, а ПСЖ започнува да ја брани титулата на 11ти август со домашен натпревар против Нимс.