Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја запишаа деветтата победа оваа сезона во Лига 1, откако синоќа во дербито на 11.коло го совладаа Сент-Етиен со 4:1.
ПСЖ останува единствената екипа досега без пораз и е лидар на табелата со седум бодови предност пред најблиските конкуренти.
За разлика од ПСЖ кој нема загубен натпревар, тимот на Троа се уште нема добиен меч и по поразот вчеравечер од Бордо е „закован“ на последното место.
Резултати на натпреварите од 11.коло во Француското фудбалско првенство:
Каен – Нант 0:2,
Олимпик Лион – Тулуз 3:0,
Лориен – Рен 1:1,
Анжи – Генгамп 0:0,
Ајачио – Ница 3:1,
Монпеље – Бастија 2:0,
Ремс – Монако 0:1,
Бордо – Троа 1:0,
Лил – Олимпик Марсеј 1:2,
ПСЖ – Сент Етиен 4:1.
Табела: ПСЖ 29 бодови, Анжи 22, Каен 21, Олимпик Лион 19, Сент Етиен 19, Ница 17, Рен 17, Монако 17,…