Прво обвинение за глумење фаул

Од:

Англија е колевката на фудбалот, па затоа и многу работи поврзани со „најважната споредна работа на светот“ се иновативни токму во оваа земја.

Англиската фудбалска асоцијација (ФА), пред почетокот на новата сезона го воведе правилото за санкции на играчите кои ќе симулираат (изглумат) фаул, насловено како „успешна измама на судијата за време на натпреварот“.

Играчот на Карлај, Шон Милер е првиот фудбалер кому му се заканува казна за глумење фаул.

ФА потврди дека Милер „јасно симулирал фаул“ за време на натпреварот од четвртата англиска лига против Викомби, по што бил досуден пенал за Карлај. Најстрогата казна била успешно реализирана, а натпреварот завршил нерешено 3:3.

По прегледувањето на видео снимката од страна на дисциплинската комисија на ФА, заедно со поранешни судии, тренери и играчи, констатирано е дека Милер го изглумил фаулот, па сега на фудбалерот на Карлај му се заканува суспензија од два натпревари.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска