Прво дерби за шампионската титула Вардар – Металург

Од:

Првиот дерби натпревар од македонската ракометна Супер лига меѓу Вардар и Металург се игра попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова е натпревар од 1. коло од Супер лигата што поради обврските на двата клуба во четвртфиналето од Лигата на шампионите беше одложен.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ каде, според домаќинот Вардар, поголем број на гледачи ќе можат да го следат во живо, наместо во салата СРЦ „Кале“ која е со помал капацитет.

Оваа сезона двата тима одиграа вкупно четири натпревари и тоа два во Лигата на шампиони и два во СЕХА лигата. Во Лигата на шампионите двете екипи победија по еден натпревар (Металург – Вардар 22:27 и Вардар – Металург 26:18), додека во СЕХА лигата резултатите беа: Металург – Вардар 28:28 и Вардар – Металург 21:22.

Во редовите на Металург поради повреди нема да играат Наумче Мојсовски и Павел Атман, а дербито ќе го почуствуваат за првпат Лука Циндриќ и Вуко Борозан. Кај домаќинот Вардар поради повреди нема да играат Стојанче Стоилов, Алексеј Растворцев и Владимир Петриќ.

Почетокот на натпреварот е во 17:30 часот, додека следниот дуел од 6.коло ќе се игра в четврток на 8 мај.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП