Во второто по квалитет европско фудбалско клупско натпреварување Лига Европа вечерва на програмата се првите натпревари од полуфиналето во кои ќе играат Виљареал – Ливерпул и Шахтјот – Севиља.
Поголемо внимание ќе привлече натпреварот на „Ел Мадригал’’ во Шпанија, каде популарната „жолта подморница’’ тимот на Виљареал ќе го пречека премиер лигашот Ливерпул, во првиот меѓусебен дуел на овие два тима во европските натпреварувања.
Шпанската екипа Виљареал е тимот со најмногу постигнати голови сезонава во ЛЕ (82), а заедно со Ливерпул се двете единствени екипи кои до полуфиналето во ова натпреварување стигнаа без загубен натпревар.
Украинскиот Шахтјор Дољецк ќе биде противник на актуелниот шампион во ова натпреварување Севилја ќе атакува на хет-трик, односно на својот пети трофеј, трет во низа. Андалузиската екипа во два наврати, беше најдобра во две последователни години. Првите два трофеи го освои 2006 и 2006, а тој успех го повтори и во изминатите две сезони, 2014 и 2015 година.
Овие две екипи досега се сретнала само на два меча и тоа во 1/16-финалето од тогашниот УЕФА куп во сеоната 2006/2007, кога Севилја подоцна стигна до својот втор трофеј.
Двата натпревари ќе започнат во терминот од 21 часот и 5 минути.