Во фудбалската Лига на Европа вечерва се играат првите четвртфинални дуели, а најголемо внимание привлекува гостувањето на Манчестер Јунајтед кај Андерлехт. Премиерлигашот важи за фаворит во ова натпреварување.
Францускиот тим Олимпик Лион го пречекува турскиот Бешикташ, додека шпанската Селта е домаќин на Генк. Најизедначено се очекува да биде на дуелот меѓу Ајакс и Шалке.
Почетокот на сите натпревари е во 21 часот и 5 минути.
Реванш четвртфиналните натпревари се играат на 20 април.