Прва победа на Шалке во Бундеслигата од јануари 2020

Од:

Екипата на Шалке 04 ја прекина серијата од 30 натпревари без победа во Бундеслигата, откако вечерва триумфираше над домашен терен над Хофенхајм со 4:0, во рамки на 15 коло во Бундеслигата.

Победата на тимот од Гелзенкирхен ја најави Метју Хоп во 42 минута со својот дебитантски гол во Бундеслигата, по што 19-годишниот Американец додаде уште два (57, 63), за хет-трик. Печат на триумфот стави мароканскиот репрезентативец Амин Харит во 80 минута.

За еден од најславните германски клубови ова беше прв триумф во Бундеслигата од 17 јануари 2020 година, кога Шалке славеше над Борусија Менхенгладбах со 2:0.

Од тој меч, Шалке беше во низа од десет нерешени и 20 порази и дојде на само чекор до израмнување на рекордот на Тасманија Берлин од 31 натпревари без триумф во Бундеслигата, постигнат во сезоната 1965/66.

Триумфот го искачи Шалке на претпоследното место на табелата со седум бодови, а во следното, 16 коло, екипата гостува на Ајнтрахт Франкфурт.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска