Прв трофеј за Сан Лоренцо во Копа Либертадорес

Од:

Аргентинската екипата Сан Лоренцо за првпат во својата историја успеа да го освои трофејот во најпрестижното јужноамериканско клупско натпреварување Копа Либертадорес.

Сан Лоренцо ноќеска во реваншот минимално со 1:0 го победи парагвајскиот Национал, но доволно за вкупен триумф по нерешените 0:0 на првата средба одиграна во Парагвај. Решавачкиот момент се случи во 35.минута кога Ортигоза погоди од пенал.

Победата на домаќините беше френетично прославена од навивачите кои по натпреварот се префрлија на улиците низ главниот аргентински град Буенос Аирес.

Би можело да ве интересира

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска