Единствена непоразена екипа во новото првенство од француската Лига 1 останува само Пари Сен Жермен, откако синоќа Лил загуби на гостувањето во Ница.
Шампионот ПСЖ дури во 7.коло ја забележа првата победа на гости, а прва радост имаа и фудбалерите на Евиан.
Резултати на деветте натпревари од 7.коло: Каен – ПСЖ 0:2, Ница – Лил 1:0, Монпеље – Монако 0:1, Олимпик Лион – Лориен 4-0, Генгамп – Мец 0:1, Евиан – Ленс 2:1, Бастиа – Нант 0:0, Рен – Тулуз 0:3 и Ремс – Олимпик Марсеј 0:5.
Вечер од 21 часот почнува натпреварот Сент Етиен – Бордо.
Табела: Олипик Марсеј 16 бодови, ПСЖ 13, Бордо 13, Сент Етиен 13, Лил 12, Мец 11, Нант 11,…