Прв пораз на младинската кошаркарска репрезентација во Унгарија

Од:

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 20 години) вчера попладне го претрпе првиот пораз на Европското првенство „Б дивизија“ што се одржува во Унгарија. Поуспешни од нашите играчи беа домаќините, кои славеа победа со 63:54.

Со овој пораз нашите кошаркари ги намалија шансите за пласман во полуфиналето и ќе треба денеска да постигнат победа над Шведска, но и другите резултати од групата Ф да бидат во наша корист.

По четвртини: 15:19; 16:13; 15:08 и 17:14. Македонија добро го почна дуелот и по три минути водеше со 16:6 и првата четвртина ја заврши со предност, а на полувремето беше +1 (32:31). Во третиот период домаќинот ја искористи слабата игра на нашиот тим и направи пресврт добивајќи ја четвртината со 15:8. Предноста унгарската селекција ја зачува до крајот на натпреварот.

Во текот на дуелот нашата репрезентација имаше повеќе грешки (Македонија 22, Унгарија 15) и слаба реализиација на слободните фрлања 50% (7 од 14).

Најефикасен на натпреварот беше Золтан Перл од Унгарија со 26 поени, додека кај Македонија Андреј Магдевски постигна 20, Филип Бакоч имаше 12 поена и 11 скокови, а Љубомир Младеновски 13 поени и 10 скокови.

Денеска Македонија за ривал ја има Шведска, а натпреварот се игра во 15:45 часот. Потоа следи и дуелот Унгарија – Белорусија.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он