Со натпреварот меѓу Пролет и Пелистер што се игра вечерва ќе биде комплетирано 11.коло од ракометната Супер лига на Македонија. Натпреварот првично беше одложен поради настапот на Пролет во рамките на Челинџ купот. Двете екипи по 10.те одиграни натпревари имаат по три победи. Почетокот на дуелот е во 19 часот.
Вчеравечер Металург ја забележа и 11.та победа откако го победи Работнички на негов терен со 27:19, а Јанко Божовиќ од Металург со седум голови беше најефикасен играч.
На другите дуели од ова коло беа постигнати резултатите: Прилеп – Борец 28:24, Охрид – Металург 40:26 и Вардар Јуниор – Радовиш 24:22.
Табела: Металург 33 бодови, Охрид 27, Прилеп 21, Работнички 21, Вардар Јуниор 18, Радовиш 15, Пелистер 9, Пролет 9, Борец 7, Металург (2) 1.