Екипата на Милан на синоќешното гостување кај Џенова забележа победа со 2:0 и со тоа ја продолжи серијата од 10 натпревари во низа без пораз.
Џампаоло Пацини во 22. минута и Марио Балотели во 60. минута ги постигна головите за „росо-нерите“.
Вечерва (20:45 часот) се игра вториот натпревар од 28.коло во Серија меѓу Удинезе и Рома.
Останатите средби од овој круг на програмата се утре, а двојките се: Аталанта – Пескара, Парма – Торино, Палермо – Сиена, Јувентус – Катанија, Киево – Наполи, Каљари – Сампдорија, Лацио – Фиорентина и Интер – Болоња.
Табела: Јувентус 59 бодови, Наполи 53, Милан 51, Интер 47, Лацио 47, Фиорентина 45,.